Вечерна богослужба и света Василиева литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 15. 04. 2017 година, во светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски отслужи Вечерна богослужба и света Василиева литургија.

На службата учество зеде мноштво верен народ, кој се причести со Телото и Крвта Христови.

Божеството Христово се покажа неразделено од Отецот и Духот и во адот, и во гробот, и во рајот, за спасение на нас кои пееме: Избавителу, Боже, благословен си.