Воскресение Христово во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Воскресението Твое, Христе Спасителе, ангелите го воспеваат на небесата, а нас, кои сме на земјата, удостој нè, со чисто срце да Те славиме.

 

На 16. 04. 2017 година, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи,
и на тие во гробовите
живот им подари!

 

 

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!