Во Сиднеј прославен јубилејот 20 години јеромонаштво на Архимандритот Гаврил (Галев)  

На ден 28. 02. 2018, кога Светата Црква го празнува споменот на Светиот апостол Онисим; Преподобен Евсевиј; Света Кирана Солунска ; Преподобните Пафнутиј и Ефросинија; во Црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл – Сиднеј, пригодно од страна на парохискиот свештеник, отец Владо Недески и духовните чеда на Архимандриот отец Гаврил (Галев), како и од сите верници беше организирана прослава на која присутните му го честита јубилејот и му посакаа добро здравје и поголеми успеси на отец Гаврил, кој деновиве е во посета на Сиднеј.