Водопост во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 18. 01. 2018,  кога Светата Црква го празнува празникот +Водокрст и споменот на Преподобната мајка Синклитикија; Светиот свештеномаченик Теопемт и маченикот Теона; Светиот пророк Михеј I; Преподобна Аполинарија, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Царски часови со Света Василиева Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По Светата Литургија беше извршен Голем водосвет.