Воскресение Христово во храмот „Свети Јован Крстител“ во Џилонг (Викторија)

Ангелите на  небесата  пеат  за Твоето воскресение, Христе Спасе наш. Удостој не и нас на земјава, со чисто срце да Те славиме

 

На 08. 04. 2018 година,  во црковната општина „Свети Јован Крстител“ во Џилонг, старешината на храмот протојереј Чедомир Илиевски го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Христос воскресна од мртвите,

со смртта смртта ја победи,

и на тие во гробовите

живот им подари!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!