Воскресение Христово во храмот „Света вмч. Недела“ во Голд Кост (Квинзленд)

Дојди, Христе, во моето срце! Ти се предавам, Христе мој воскреснат, Светлино моја, љубов и радост моја! Дојди, просветли ми го срцето и направи ме светлина!

 

На 08. 04. 2018 година,  во црковната општина „Света вмч. Недела“ во Голд Кост,  протојереј – ставрофор Ѓорѓија Лапоски го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

После Литургијата се одржа богата забавна и културно-уметничка програма.

 

Христос воскресна од мртвите,

со смртта смртта ја победи,

и на тие во гробовите

живот им подари!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!