Воскресение Христово во  храмот „Свети Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Aнгелот ѝ викна на Благодатната: „Чиста Дево, радувај се! И ќе повторам: Радувај се! Твојот Син воскресна тридневен од гробот и мртвите ги воскресна.“ Народи, веселете се!

(Пасхална стихира)

 

На 08. 04. 2018 година,  во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, старешината на храмот презвитер Игор Младеновски го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Христос воскресна од мртвите,

со смртта смртта ја победи,

и на тие во гробовите

живот им подари!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!