Воскресение Христово во  храмот „Свети вмч. Димитриј“ во Волонгонг, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Денот на воскресението е, да се радуваме во торжеството на празникот и да се прегрнеме еден со друг. На оние кои нè мразат, да им речеме: браќа! И да простиме сè заради воскресението.

Пасхална стихира

 

На 08. 04. 2018 година,  во црковната општина „Свети вмч. Димитриј“ во Волонгонг, старешината на храмот презвитер Роберт Илијевски го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Христос воскресна од мртвите,

со смртта смртта ја победи,

и на тие во гробовите

живот им подари!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!