Воскресение Христово во храмот „Свeти Јован Крстител“ во Џилонг (Викторија)

Ден е на Воскресение, да се просветлиме, луѓе! Пасха, Господова Пасха, зашто од смртта кон животот и од земјата кон небото, Христос Бог нè преведе, пеејќи ја победната песна.

На 16. 04. 2017 година, во црковната општина „Свети Јован Крстител“ во Џилонг, старешината на храмот, протојереј Чедомир Илиевски го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи,
и на тие во гробовите
живот им подари!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!