Воскресение Христово (трет ден) во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

Наутро рано подрануваме и наместо миро на Господа песна да Му пренесеме, и да го видиме Христа – Сонцето на правдата, Кој на сите живот им засветли.

 

На 18. 04. 2017 година (вторник од Светлата седмица), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Христос воскресна од мртвите
со смртта смртта ја победи,
и на тие во гробовите
живот им подари!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!