Воскресение Христово во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн (Викторија)

Небесата достојно да се веселат, а земјата нека се радува; нека празнува светот – видливиот и невидливиот, зашто воскресна Христос, радоста наша вечна.

 

На 16. 04. 2017 година,  во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи,
и на тие во гробовите
живот им подари!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!