Воскресение Христово во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)  

Светли се, светли се, нов Ерусалиме, зашто славата Господова на тебе засветли. Ликувај сега и весели се, Сионе; Ти, пак, Чиста, радувај се, Богородице, за воскресението на твојата рожба.

 

На 16. 04. 2017 година, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи,
и на тие во гробовите
живот им подари!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!