Воскресение Христово во храмот „Свети Климент Охридски“ во Канбера (Австралиска Капитална Територија)

Смрт, каде ти е осилото? Аду, каде ти е победата?

 

На 16. 04. 2017 година, во црковната општина „Свети Климент Охридски“ во Канбера, старешината на храмот јереј Радојчо Митрев го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи,
и на тие во гробовите
живот им подари!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!