Воскресение Христово во храмот „Свeти Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Ангелот ѝ велеше на благодатната: Чиста Дево, радувај се, и пак ќе речам – радувај се! Твојот Син воскресна од гробот по три дена, и мртвите ги подигна: – луѓе, веселете се!

На 16. 04. 2017 година, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, старешината на храмот, протојереј – ставрофор Ѓорѓија Лапоски го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи,
и на тие во гробовите
живот им подари!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!