Воскресение Христово (втор ден) во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

Кога воскресна Исус од гробот, како што прорече, ни даде живот вечен, и милост голема.

 

На 17. 04. 2017 година (понеделник од Светлата седмица), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи,
и на тие во гробовите
живот им подари!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!