Второ воскресение во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

 

Жените кои, пред зори, отидоа на гробот заедно со Марија, и каменот потргнат го најдоа, од ангелот слушнаа: Зошто го барате меѓу мртвите Оној што живее во вечна Светлина? Видете ги гробните пелени, одете и на светот објавете му дека воскресна Господ, Кој  смртта ја умртви, зашто е Син Божји, Кој го спасува родот  човечки.

 

На 16. 04. 2017 година, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи голема Пасхална вечерна богослужба. На Вечерната богослужба беше прочитано и дел од Евангелието според светиот апостол и евангелст Јован на повеќе јазици.

На богослужбата учествуваше мноштво на верен народ.

Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи,
и на тие во гробовите
живот им подари!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!