Задушница во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 10. 02. 2018, во саботата пред Месопусната недела (на Страшниот суд), кога Светата Црква ги празнува Преподобен Ефрем Сирин; Преподобен Исаак Сирин; Преподобен Паладиј; Преподобен Ефрем Печерски (+1096), и кога си спомнуваме за упокоените (Задушница), во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, отслужи Парастос за сите упокоени браќа и сестри, кои почиваат тука и на секаде.

Нека им е вечен споменот!